Заев: Јас и Шекеринска заедно одлучивме дека треба да се обнови раководството и да се даде шанса на нови луѓе

Објавено на 22 април, 2021 во 11:51

zz

22.04.2021

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во врска со повлекувањето на Радмила Шекеринска од местото заменик-претседател на СДСМ, рече дека заедно во договор со неа и членството ќе се отстапат простор за избор на нови луѓе.

-Шекеринска не поднесе оставка од позицијата заменик претседател на СДСМ, таа најави дека нема намера да се кандидира за трет мандат.Нејзината одлука ја почитувам.Таа е заслужна за влезот на нашата земја во НАТО и за многу важни процеси во државата.Таа е мој другар, другарка и без разлика каде ќе се најде во општеството или во СДСМ.Јас и Радмила и огромен процент од нашето членство се договориме дека треба да го обновиме раководството и да се даде шанса на нови луѓе, изјави Заев.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.