Царовска: Светот се дигитализира, на хартијата и моливот им се намалува вредноста

Објавено на 22 април, 2021 во 11:56

carovska1

22.04.2021

Министерката за образование и наука , Мила Царовска, на денешната прес-конференција уште еднаш ја објасни потребата од новата концепција во образованието.

-Комисијата која ги утврдува сите елементи на спроведување на концептот се јавно објавени. Таа е подготвена уште пред два месеца, а истата ќе биде спроведена во септември. Секое политичко влијание на осовременувањето на образованието не иде добро за државата и младите. Младите се позитивни и сакаат промена. Еден млад човек кога ќе го прашате за некој податок тој не оди во библиотека да бара туку го отвора својот смарт телефон и на Википедија бара податоци тоа е современиот свет. Знам дека е тешко да се прифати дека на хартијата и моливот им се намалува вредноста и дека светот се дигитализира, изјави Царовска.

Таа додаде дека ова концепција ќе успее и дека на нашата земја и е потреба промена.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.