МВР го приведено лицето што и избега на затворската полиција

Објавено на 22 април, 2021 во 12:26

krivicen k

22.04.2021

Единицата за прв одговор и интервенција при МВР, кај Камениот мост во Скопје го привела 30-годишниот А.З. од Скопје, кој утрово, избегал при излез од рочиште во кривичниот суд, додека бил спроведуван од страна на затворската полиција.

Како што информираат од МВР, веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и А.З е приведен во полициската станица Центар за понатамошна постапка.

Претходно, настанот го потврдија и од Основниот кривичен суд од каде објаснија дека се работи за обвинет кој бил спороведен во судот на рочиште по предмет поврзан со криумчарење на мигранти.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.