Македонија во жолта и во портокалова фаза: Обилни врнежи и можни поплави

Објавено: 26 јануари, 2026, во 09:02 часот

На територијата на Македонија, денеска, понеделник, 26 јануари 2026 година ќе биде во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни дождови. На планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе врне снег.

Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец особено во Повардарието каде повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час а можна е  и ретка појава на грмежи.

Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се движи до околу 9 степени.

Поради очекуваните обилни врнежи во Македонија, повторно расте ризикот од зголемување на нивоата на реките  и на езерата како и опасноста од излегвање на реките  и поплави,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.