Македонија во жолта предупредувачка фаза: Повторно многу дожд а на планините снег
Објавено: 26 ноември, 2025, во 08:14 часот
„Целата територија на Македонија, денеска, среда, 26 ноември, ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните нови обилни врнежи од дожд проследени со повремено засилен јужен ветер и со услови за локална појава на грмежи. Локално, овие процеси може да бидат застапени во форма на невреме.
Државата се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и истата условува повторно многу нестабилно време со чести и обилни врнежи од дожд. Локално за 24 часа ќе наврне големо количество на воден талог (над 30 литри дожд). И во Скопје се очекуваат нови врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни како и проследени со засилен јужен ветер.

Поради продор на поладен воздух од север, на планините над 1500 метри надморска височина, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и формирање на снежна покривка.
Очекуваните нови обилни дождови повторно ќе ги зголемат нивоата на реките и на езерата кои може да придонесат за нови поплави,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


