Македонскиот стрип центар – Велес во Тирана како дел од балкански проект

Во Тирана , соседна Албанија, од денеска до понеделник, втори август, ќе се одржи втората смотра од проектот Comic alliance Networking For Balkans. Освен Државниот историски музеј од Тирана, Албанија, во овој неколкугодишен проект вклучени се и Стрип центар на Македонија со седиште во Велес, училиштето „Никола Митровиќ-Кокан“ од Лесковац и Белгискиот стрип центар од Брисел.
-Замислата на овој проект е вмрежување на релевантните стрип асоцијации од вклучените земји како и афирмирање на социјалната примена на стрипот, во овој случај националната историја, рече Томе Трајков, програм координатор во СЦМ.

На овој настан , освен персоналот на Стрип центарот од Велес ќе присуствуваат и Александар Стеванов-сценарист, хроничар и летерер и реномираниот стрип автор Томи Анастасовски. Сите тие ќе присуствуваат на бројни презентации, изложби како и дебати на тема„Културно – социјални клишеа и стереотипи на Балканот“.
Носител на овој неколкугодишен проект е Музеј на историјата во округот Брашов во Романија и финансиран е од програмата „Креативна Европа“ -подпрограма за култура на Европската Унија.
Стефани Манева
