Мечка нападнала возрасен маж којшто го спасиле ловци што случајно биле во близина
Објавено: 24 октомври, 2023, во 12:38 часот
Оваа немила случка се случила, вчера, помеѓу селата Пласница и Ораоец, во општина Македонски Брод.
Мечка нападнала возрасен човек кој бил спасен од ловци коишто случајно биле на лов во близина на местото на нападот. Ловџиите откако слушнале повици за помош испукале неколку истрели во воздух од кои мечката избегнала.
„Нападнатото лице било во преплашена состојба кога до него стигнале ловџиите и на неговото тело имало повеќе телесни повреди, соопшти ЦУК.
Убавка Јаневска
