Млад српски фудбалер почина по кобниот скок од карпа во Охридското езеро
Објавено на 24 август, 2021 во 13:52
Никола Стевановиќ Коле (26), млад фудбалер од селото Доње Краинце кај Лесковац, почина во болница, по 12 дена борба за живот, како последица на страшна несреќа што се случила на Охридското Езеро.
Според Југмедија, фудбалерот, бил на одмор на Охридското Езеро со клубот пред почетокот на сезоната. Страшна несреќа се случи кога младиот човек скокнал од карпа во езерото, меѓутоа удрил во подводна карпа и го скршил вратот и шестиот пршлен.
Тешко повредениот млад човек бил префрлен во Скопје, каде што е опериран, по што паднал во кома од која не се разбудил.