Многу топло време со мала доумерена облачност
Објавено: 29 јуни, 2026, во 09:04 часот
Денеска ќе биде сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец, информира УХМР.
Утринската температура ќе се движи во интервал од 14 до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна се очекува да достигне и до 39 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Живата во термометрите во главниот град ќе се искачи до 38 Целзиусови степени.
Сончевото и многу топло време, според Управата, ќе се задржи до утре, кога во попладневните часови се очекува земјава да биде зафатена од циклонска активност, која ќе донесе променлива временска состојба, односно ќе облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пообилен пороен дожд, грмежи и за засилен ветер.
Дума.мк


