Моќниот Џеновски циклон во следните 24 часа ни носи многу дожд и снег на планините

Објавено: 27 јануари, 2026, во 08:52 часот

„Под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џеновскиот залив до вторник поладне, 27 јануари, во Македонија ќе имаме врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, поројни и проследени со ретки грмежи. Локално, особено во централните и во источните предели, ќе наврне големо количество на воден талог (над 35 литри на метар квадратен).

Поради продор на поладен воздух од север, изминатава ноќ и во вторник, особено долж Повардарието ќе дува повремно засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе опаѓаат и на повисоките како и на планинските места над 1000 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. На планините и Скијачките центри ќе се зголеми за 15 до 20 сантиметри и прошири снежната покривка. Во дел од нив можно е да падне снег и над 20 сантиметри.

Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе има врнежи од дожд, повремено пообилни, ќе дува и ветер од северен и од северозападен правец, особено во текот на ноќта кон и во вторник 27 јануари. На околните планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.

Поради очекуваните обилни врнежи во Македонија во следните 24 часа постои ризик од ново зголемување на нивоата на реките и на езерата како и опасност од нивно излевање со појава на нови поплави. Токму поради ова апелирам граѓаните да бидат крајно внимателни, особено доколку со своите автомобили минуваат покрај водотеците, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.