МОН ги објави резултатите од конкурсите за доделување на ученички стипендии за учебната 2021-2022 година

Објавено на 24 ноември, 2021 во 10:00

Секој добитник на стипендија го симнува и пополнува во ТРИ примероци соодветниот договор за стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка го доставува до МОН најдоцна до 3.12.2021 година, информираат од Министерството за образование.

Оттаму додаваат дека одбиените кандидати ќе имаат можност да поднесат приговор до МОН (на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје или преку електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk, откако на домашна адреса ќе добијат решение во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

Договорите и листата на стипендии може да ги погледнете ОВДЕ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License