МОТИВИРАЧКИ СТАРТ на проектот за Зајакнување на младите во Пелагонија 2
Над 50-тина млади од сите 9 општини во Пелагонискиот регион со голем ентузијазам го означија почетокот на нивното двегодишно дружење со очекување дека на крајот од проектот ќе можат многу поуспешно да влијаат врз општините и институциите на регионално ниво и да ги наметнат своите идеи за развој на местата каде што живеат, пишува Апла.мк.
Проектот „Зајакнување на младите во Пелагонија 2“ на младите ќе им пренесе знаење преку иновативни работилници на отворено, јавни дебати без предрасуди, симулации на седници на Совет, обуки и тренинзи на теми за личен развој кои ќе ги одржат домашни и странски експерти. Повеќето млади за првпат ќе учествуваат во проект надвор од училниците или предавалните во редовното образование затоа што во помалите и рурални општини речиси и да нема неформално образование и активности за развој на младите луѓе. Дополнително, со проектот 14 млади луѓе ќе добијат шанса за платено практиканство во јавниот и бизнис секторот како и во граѓанските организации.егионално ниво и да ги наметнат своите идеи за развој на местата каде што живеат.
Новинарскиот текст во целост прочитајте го на Апла.мк.