Мраморното Море кај Истанбул се повлече за 25 метри (видео)

Објавено на 14 февруари, 2023 во 14:30

Мраморното Море кај Истанбул наеднаш се повлекло за 25 метри, што предизвикува загриженост кај жителите. Инжинерскиот факултет во Истанбул го соопштил настанот, велејќи дека повлекувањето на морето не е поврзано со земјотресот што пред осум дена го погоди југот на земјата.

„Поради центарот со висок притисок кој се наоѓа на запад од Турција, ветерот подолго време дува над Истанбул од север кон југ, односно Мраморното Море“ соопштија од факултетот.

Според Главната управа за метеорологија, интензитетот на овој ветер е 20 километри на час. Ветерот постојано ја носи површинската морска вода од брегот на Мраморното Море на европската страна на Истанбул кон југ.

„Поради ова, нивото на водата се намалува и се повлекува на северниот брег на Мраморното Море во правец кон Авчилар, додека нивото се зголемува на јужниот брег на споменатото море“, соопштија од Техничкиот факултет.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.