МВР: 147 санкции за брзо возење
Објавено на 23 декември, 2022 во 10:43
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 147 возачи.
-Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 65 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 82 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.