МВР: 255 санкции за брзо возење
Објавено на 4 мај, 2022 во 10:31
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 255 возачи.
-Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 135 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.