МВР: 346 санкции за брзо возење

Објавено на 12 август, 2021 во 12:24

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 346 возачи.

Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 167 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 179 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од Министерство за внатрешни работи апелираат  до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.