МВР: 61 санкционирани возачи на мотоцикли

Објавено на 24 август, 2022 во 10:53
Фото: МВР

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 19.00 до 00.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 61 возач.

-Од нив, 38 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 15 возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, пишува во соопштението на МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.