МВР: Казнети 156 пешаци за небезбедно преминување на улица
Министерство за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведен засилена акциска контрола на територија на државата за санкционирање на прекршоци коишто ги прават пешаците. За време на пет часовната акција вкупно биле казнети 177 граѓани од кои 156 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.
-За време на контролата санкционирани се и 89 други видови на прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, додадоа од МВР.
Дума.мк