МВР: Личните карти чиј рок не е истечен, ќе важат и по 12 февруари 2024 година

Објавено на 17 јануари, 2024 во 10:53

Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024 година, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

МВР како ресорно министерство надлежно за издавање на лични документи укажува дека Законот за личната карта не е изменет.

„За таа цел, ги информираме граѓаните на Република Северна Македонија, дека личните карти со називот на државата „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ кои имаат важност, односно чиј рок не е истечен, продолжуваат да важат и по 12 февруари 2024 година“, соопштија од МВР.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.