На Палевски му е одреден 40 дена затвор во Беликесир во Турција

Објавено на 29 декември, 2023 во 12:24

Министерството за правда информира дека во дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Беликесир- Турција информираат дека на осомничениот за двојното убиство Љупчо Пелевски, му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена во „Затворена казнено -поправна установа Беликесир“ во Турција

Од Правда велат дека Палевски беше уапсен за кривично дело „Намерно убиство на дете“ согласно Законот 6706 член 14 , со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја ( РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци.

Истрагата за убиството на Вања и Панче почна на почетокот на овој месец и во неа, покрај Палевски, кој е осомничен за кривичните дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“, за соизвршителство се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје.

Во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палевски.

Палевски пребега во Србија, оттука преку Бугарија, заминал во Турција, каде полицијата го уапси во градот Баликесир.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.