Награди од 20.000 и 10.000 денари за припадниците на Армијата за успешно справување со пожарите
Во касарната „Илинден” денеска им беа доделени награди и стимулативни мерки на припадниците на Армијата кои успешно се справија со пожарите кои ја зафатија територијата на државава.
По 20.000 денари ќе добијат 14 лица од воздухопловниот Винг, 10.000 денари ќе добијат 274 службеници од командата за операции, 10 лица од баталјон за специјални лица и 12 од разузнавачиот баталјон. Три дена отсуство ќе им следува на 298 лица.
-Од најлошо спасивте куќи, манастири затоа сме тука да ви кажеме едно големо „благодарам“. „Благодарам“ што службата на државата ви е пред се. Покажавте дека сте вистински луѓе со принципи и интегритет. Војници со цврст карактер за кои во речникот не постои откажување. Во трката да се спаси секоја педа од нашата татковина, ниту еден од вас не беше повреден. Ние се потправме на вашата храброст и работата на терен. Жртвата која ја превземавте не ја правевте за пофалници ниту за пари ниту за слободни денови, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Повеќе од 2.000 припадници на Армијата заедно со придружна механизација и воздухопловна поддршка беа вклучени во справувањето со пожарите на 13 локации кои оваа година ја зафатија нашата држава.