Најмалку осум лица загинаа во силно невреме кое ја зафати Канада
Објавено на 23 мај, 2022 во 10:38
Бројот на жртвите на силните бури во двете најнаселени канадски провинции, Онтарио и Квебек, се искачи на најмалку осум, соопштија локалните власти.
Службите за итни случаи продолжија со обновата на уништените столбови за да ја вратат струјата во домовите на половина милион луѓе, објави „Гардијан“.
Невремето, кое траеше повеќе од два часа во саботата попладне ѝ беше со јачина на торнада, остави траги на уништување во делови од провинциите Онтарио и Квебек.