Намалени трошоците за живот во март

Мерките кои што ги носи Владата даваат резултат. Според последните податоци на Државниот завод за статиска регистрирано е намалување на инфлацијата односно трошоците за живот во март. Коментирајќи ги последните податоци на Државниот завод за стаистика, министерот Крешник Бектеши, рече дека споредено со претходните месеци регистрирано е најголемото намалување споредено со октомври 2022 кога почнаа да се зголемуваат цените во нашата држава како на прехранбените производи така и на енергенсите.
„Инфлацијата е намалена за два проценти споредно со претходниот месец и во март изнесува 14,7%. Најважно е што има намалување на транспорт и храна, што значи дека мерките кои ги носиме даваат резултати. Платите растат, инфлацијата, односно цените се намалуваат. Заедно се грижиме за живитниот стандард на нашите граѓани“, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук приофил.

Според ДЗС, намалување на индексот на трошоците на живот има кај лебот и житата кои биле пониски за 4,7 отсто. Млекото имало понсика цена за 4,6 отсто, а маслото и маснотиите за 2,4 отсто. За 2,2 отсто пониска цена имале сирењето и урдата, а свежото и разладеното овошје за 1,2 отсто. Во март, рибата и морските плодови имале пониска цена за 0,8, а јајцата за 0,2 отсто.
Дума.мк
