Не очекуваат минусни температури

Објавено на 30 ноември, 2021 во 09:30

Претпладне облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе се менуваат од дожд до снег. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег ќе има и на повисоките делови од Скопската котлина. Во пладневните часови врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието.

Во среда и четврток ќе настапи разведрување, ќе биде доста студено и утринските температури насекаде ќе се спуштат под нула и ќе бидат во интервал од -9 до -2 степена.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.