НОВ БРАН НА ВРНЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе врне пообилно, а на планините ќе провејува снег!

„Во текот на денешните попладневни и вечерни часови, како и во ноќните на 9 мај кон сабота 10 мај, од Медитеранот во Македонија, ќе навлезе нов влажен бран којшто на повеќе места ќе услови врнежи од дожд, локално пообилни и поројни како и проследени со ретки грмежи. Ќе дува северен ветер, повремено со поголем интензитет, а температурите ќе опаѓаат, поради продорот на поладен воздух од север и од североисток.
И во Скопскиот регион со овој бран ќе има повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат пообилни и проследени со умерен, повремено засилен ветер од северен правец со опаѓање на температурите.
Поради падот на температурите, на највисоките планини со над 2000 метри надморска височина ќе има услови и за провејување на снег.
Температурите во текот на денот ќе се искачуваат во интервал од 15 до 24 степени додека во текот на ноќта, кон сабота,10 мај,позначително ќе опаѓаат поради појавата на северен ветер.
Само да напоменам дека за време на овој влажен бран од Медитеранот, локално ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк
