Нови цени на горивото од полноќ

Објавено на 15 јули, 2022 во 13:06

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 11.07.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,272%, кај дизелот за 2,286%, кај екстра лесното масло за 1,722%  и кај мазутот за 3,656%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 16.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС – 95                            102,50 (денари/литар)

Моторен бензин                   ЕУРОСУПЕР БС – 98                             104,50 (денари/литар)

Дизел гориво                         ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      100,00 (денари/литар)

Масло за горење                  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                          98,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                               50,903 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,742%.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.