Облачно и свежо време со повремен локален дожд

Објавено на 22 септември, 2021 во 09:36

Синоптичарите на првиот ден од есента најавуваат променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието, засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени.

Во Скопје слично време со услови за повремен слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Облачното и посвежо време со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец ќе преовладува до утре, четврток.

Од четврток до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно и потопло време со пониски утрински, а повисоки дневни температури. Зголемување на облачноста се очекува во понеделник попладне.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.