Од брод во водите на Ла Манш спасени повеќе од 400 мигранти
Објавено на 4 ноември, 2021 во 11:16
Едно лице загина, а едно се води за исчезнато откако француски патролен брод успеал од брод во водите на каналот Ла Манш да спасат повеќе од 400 мигранти кои се обиделе да стигнат до англискиот брег, соопштија денеска локалните власти на северот на Франција.
„Спасени се повеќе од 400 лица. За жал, и покрај сите мерки, едно лице исчезна, а другото е прогласено за мртво“, се наведува во соопштението на поморската полиција.
Спасувачката операција во Ла Манш почнала во ноќта меѓу понеделникот и вторникот. Бродот на француската морнарица во неколку наврати ги враќал мигрантите на брегот кај Данкерк.