Од попладне нестабилно време со пороен дожд

Објавено на 8 мај, 2023 во 09:25

Денеска во Македонија претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно време, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Утринската температура ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени, а дневната од 17 до 25 степени.

Утре ќе преовладува облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, а во југоисточните делови и пообилни над 25 л/24часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.