Од септември во Грција се испраќаат невакцинираните медицински лица на неплатен одмор
Со цел да се пополнат дупките кои ќе настанат поради недостиг на персонал во Грција, од септември невакцинираните здравствени работници се праќаат на неплатен одмор и со тоа се суспендираат одморите на вакцинираните здравствени работници, соопшти грчкото Министерство за здравство.
Со одлуката ќе бидат опфатени службата за Итна помош, објектите за примарно здравство, Националната организација за јавно здравје, како и во приватните и државни објекти за згрижување и нега на повозрасни лица и лица со попречености.
Одлуката се однесува не само на лекарите, болничарите, медицинските сестри и негователите, туку и административниот и технички персонал.
Оваа одлука беше најавена уште во јули, за да се поттикне вакцинирањето на здравствениот кадар, и уште тогаш Министерството најави дека неплатениот одмор ќе трае до крај на ковид пандемијата.