Омикрон варијантата откриена во седум македонски градови
Објавено на 21 јануари, 2022 во 09:58
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се возрасните групи на лица на возраст 30-39 години, односно 2.643 или 23.8% и од 20-29 години, 2.153случаи или 19.4%. Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години, 205 случаи или 1.8 отсто. Лесното пренесување на новата варијанта на Ковид-19 – омикрон, како во светот, така и кај нас, продонесе за драстично зголемување на бројот на новозаразени .
Омикрон варијантата е откриена во седум градови, односно во Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани, Велес и Гевгелија. Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, од вкупно 96 позитивни испитани примероци, кај 57 случаи или 59.4% била детектирана Омикрон варијантата.