Отворен ГП „Богородица“, сообраќајот е нормализиран
Објавено: 4 август, 2021, во 09:39 часот
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
По вчерашниот пожар којшто избувна во близина на граничниот премин „Богородица“ сообраќајот е нормализиран и се пропуштаат возила.

Од Авто Мото Сојуз на Македонија информираат дека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
