Отворена изложбата на скутини
Мултимедијалната изложба „Скутина, фота, бовча, диљка“ од етнокореологот Бојан Петковски може да се види во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово,објави куманово њус.
На изложбата се претставени петнаесетина скутини, како највпечатлив и централен детал на носијата не само кај женската туку и машката облека.
„Во период кога традицијата е на изумирање мора да бидат елиминирани стеротипните форми на нејзина презентација преку современи техники и методи за да се доближи до поширокиот аудиториум. Вредноста на скутината-историска, научна, уметничка јас секако ја знам, но од особена важност е да се пренесе и да стигне до пошироката публика“, вели авторот Петковски.
На изложбата скутината е претставена преку фотографии, кои се поставени така да може да се добие вистинска претстава за тоа како изгледале скутините и целокупниот визуелен изглед на носијата. На самите фотографии се прикачени експонатите – фути изработени со традиционални, народни техники со што авторот се потрудил да креира изглед најсличен на оригиналот.
Новинарскиот текст во целост прочитајте го на куманово њус.