Падна првиот снег во Македонија (ФОТО)

Објавено на 23 септември, 2021 во 12:46

Утрово падна првиот снег во Македонија. Имено утрово забели ски центарот Попова Шапка, а Шар планина заблеска во сиот свој сјај.

Снегот таму се спуштил и до 1.800 метри надморска височина, а најниската температура достигнала 3 степени.

Според метеоролозите наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени.

Денес и утре ќе биде ветровито со повремено засилен северен ветер. До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои од повисоките места ќе се спуштат и до 0 степени. По утрешните пониски дневни температури, во петок и за викендот дневната температура брзо ќе се покачи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.