Патарините се плаќаат затоа што патиштата се лицето на државата, изјави Бочварски

Објавено на 15 јули, 2021 во 12:03

Секако дека ќе се плаќаат патарини затоа што по Законот за ЈП во државава на сите автопати се плаќа патарина по такса утврдена со закон, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, одговарајќи на прашање за целосната реконструкција и проширување на автопатот  Тетово – Гостивар.

Тој додаде дека тоа е исклучиво само поради аспектот да имаме модерни патишта и да можеме да ги одржуваме и во зимски услови да ги исчистиме од снег и да бидат во подобра кондиција.

Патиштата се лицето на земјата. Владата има во план целосна реконструкција на овој автопат којшто ќе биде и покомотен и побезбеден, рече Бочварски во одговор на прашање при денешниот увид  во реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.