Пендаровски во Киев присуствуваше на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Украина (ФОТО)

Објавено на 24 август, 2021 во 13:50

Претседателот Стево Пендаровски денеска на плоштадот на независноста во Киев присуствуваше на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина.

На настанот, на којшто се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се одржаа церемонии на подигнување на украинското знаме и доделување признанија, како и празнична парада на вооружените сили на Украина.

Во палатата Маријински, претседателот Пендаровски присуствуваше на прием, приреден од украинскиот претседател Зеленски.

Прославата на 30-годишнината од независноста на Украина се одржува под слоганот „Ти си моја единствена” со присуство на над четириесетина делегации од земји и меѓународни организации со стотици странски гости, вклучително и шефови на држави, претставници на странски влади и парламенти.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.