Петровска: Лажните дојави предизвикуваат паника, но реална закана во моментов немаме

Објавено на 21 декември, 2022 во 14:32

Изјавите за тоа колку се реални заканите за бомби се темелат на информациите што ги добиваме од безбедносно-разузнавачките служби, а тоа е дека во моментов нема реална закана која што може да влијае на националната безбедност, рече денеска министерката за одбрана, Славајанка Петровска.

Таа на прес-конференцијата во Владата додаде дека тоа е податок кој го споделуваат трите разузнавачки служби и со тоа го известуваат државниот врв.

-Ако се појави зголемен ризик за безбедноста, граѓаните ќе бидат соодветно информирани и службите соодветно ќе постапат. Заканите за бомби предизвикуваат паника, но реална закана во моментов немаме, посочи Петровска.

Министерката кажа и дека МВР ги презело оперативните активности за справување со оваа појава.

– Дополнително од НАТО е побара поддршка во справувањето со овие хибридни закани на подолгорочен рок, би рекла заради тоа што улогата на Алијансата е во тој дел, вели Петровска.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.