Петти јануари, Коледе со долга традиција во Македонија
Коледе е ден кој нема големо верско значење, но сепак има долга традиција на овие простори.
Коледарите кои доаѓаат ноќта наспроти Бадник или рано утрото се симбол, односно предвесници и ја носат веста за Христовото раѓање. Во христијанството, всушност, Коледе и Бадник е истиот празник и со тоа започнува славењето на раѓањето на Христа.
Вечерта спроти Бадник првите коледари го палат коледарскиот огин и притоа се пејат песни, се игра и се пие топла ракија. На тој начин се „бркаат“ злите духови од земјата. Наредниот ден, на големиот Христијански празник Бадник, малите деца одат по домовите од соседите, чукаат на вратите и пеат коледарски песни. Според традицијата, домаќините за тоа ги наградуваат со колачи, костени, ореви, јаболка и ситни пари.
Во различни делови од Македонија се слави на различни начини. Еден од нив е и велешкиот, со пеење на т.н. „мрсни“ песни, со еротска содржина. Оваа традиција била многупати предмет на осуда, но сепак таа продолжува, исто како и големите трпези покрај огновите.
Сепак, суштината на Коледе и Бадник е навестувањето на раѓањето на Христос.
Дума.мк