Писателката Нада Алексоска годинешен добитник на наградата за животно дело „Коле Неделковски“
Писателката Нада Алексоска, авторка на бројни дела поезија и проза, е годинешен добитник на наградата „Коле Неделковски“. Наградата се доделува за животно дело од страна на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес.
Признанието, се доделува по петти пат на одбележувањето на 80-годишнината од смртта на поетот Коле Неделковски. Наградата и беше врачена на свечен начин во дворот на ССОУ „Коле Неделковски“ во склоп на програмските активности на чествување на годишнината од смртта на македонскиот поет организирани од страна на образовната.
На одбележувањето на 80 годишнината од смртта на Коле Неделковски пред присутните говореше директорката на средното стручно училиште , Весна Стојанова Богоевска.
Одбележување на годишнината до смртта, се одржа и во спомен куќата на Неделковски во родното село Војница. Таму, исто така, беше положено свежо цвеќе пред споменикот на поетот и говор одржа добитничката на годинешната награда.
Писателката Нада Алексоска во своето обраќање истакна:
„Особена чест ми претставува што годинава јас сум добитник на ова значајно и високо признание.Пријатно сум изненадена и горда на ова признание. Иако сум пензионер, јас и понатаму читам и пишувам“.
Убавка Јаневска