По четири години затвор добија обвинетите за „Јавна соба“
Објавено на 11 март, 2022 во 12:32
Денеска Кривичен суд изрече две казни за случајот „Јавна соба“.
Креатор на групата доби казна затвор во траење од 4 години, а иста казна од 4 години затвор му беше изрече и на администраторот Михаил Паневски.
Тие се гонеа бидејќи со дозволиле да биде достапно видео на кое се прикажани полови дејствија со дете. Двајцата одговараа за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.
Случајот „Јавна соба“ беше обелоденет пред повеќе од една година по што групата беше затворена но во исто време беа отворени нови две.