Пописот завршува денес

Објавено на 30 септември, 2021 во 09:43

Државниот завод за статистика нема да бара продолжување на рокот на попишување. Директорот Апостол Симовски, за ТВ21 рече дека нема потреба од пролонгирање на рокот, бидејќи е убеден оти целиот процес ќе биде комплетиран навреме.

-Ние не сме побарале пролонгирање на рокот за пописот, иаме уште еден ден  заклучно со утре ќе завршиме.Организраме на сите можни начини, изјави Симовски.

Тој  вели дека е разбирливо некој да остане последен попишан. Додава дека е среќен што граѓаните реагирале што попишувачите сѐ уште не ги посетиле.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf

Од Државниот завод за статистика велат дека во последните денови од Пописот на населението, домаќинствата и становите, пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни реони со зголемен интензитет. Помалите пописни реони низ државата веќе завршуваат со попишување на населението и се прават последни завршни проверки. Во одредени урбани средини интензитетот на попишување се зголемува, се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство и никој да не биде пропуштен. Со сиот расположлив потенцијал се работи непрекинато и според утврдените рокови предвидени во Законот за попис, истакнуваат од ДЗС.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.