Попоски: Нов топол бран од Африка ќе ја зафати нашата Македонија!

Објавено: 25 август, 2025, во 09:56 часот

Во текот на оваа работна недела во нашата држава времето ќе биде претежно стабилно, суво, сончево и од ден на ден се потопло. Повремено ќе има појава на умерена локална облачност а ќе дува  и слаб до умерен ветер од променлив правец. До вторник, 26 август, температурите преку ден ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, пишува Метео аларм.

-Од среда, 27 август, па во деновите потоа под влијание на топол бран од Африка, температурите ќе бележат тенденција на поголем пораст  и максималните дневни температури во поголем дел од нашата Република Македонија ќе надминуваа 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие локално ќе надминат  и 35 степени, објаснува метеорологот Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.