Попоски: Следува силен ветер, над 60 км/час, многу топло и спарно време!

Објавено: 21 август, 2025, во 09:54 часот

Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка, денес и утре, времето ќе биде претежно сончево, многу топло, мачно и спарно со повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час, информира метеорологот Славчо Попоски.

-Температурите на воздухот насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели тие ќе надминат  и 35 степени. Сепак утре локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи, додава Попоски.

Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струње од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и на песок, со што атмосферата ќе биде заматена.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.