Поповски: Доаѓаат врнежи, грмежи и невреме!
Објавено: 15 јули, 2025, во 07:12 часот
Поради продор на поладен воздух од север на висина над регионов, како дел од Европа, ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во Македонија.
„Денес, вторник, 15 јули, во пладневните и во попладневните часови на повеќе места ќе има развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
И во делови од Скопскиот регион очекувам појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината можна е појава и на краткотрајно невреме.
Токму поради ова, апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, препорачувам граѓаните да ги заштитат своите автомобили , односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено под осамени.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.



