Поповски: Дождливо време во Македонија, локално ќе наврнат над 20 литри

Објавено на 17 октомври, 2025 во 08:09

„Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот до крајот на денов и утре, сабота, 18 октомври, во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои особено во западните  и во југозападните предели ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со умерен интензитет.

Ќе дува слаб до умерен ветер долж Повардарието од југоисточен а во западните предели од источен и од североисточен правец. Поради продорот на поладен воздух од североисток денес на највисоките планински места,  над 2000 метри надморска височина, ќе има услови и за повремен снег.

Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Максималните дневни температури денека ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени а утре ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Во Скопје  и околината денес температурата ќе се искачи до околу 12 степени а утре ќе биде малку повисоки, до околу 16 степени,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.