Поповски: Следува стабилизирање на времето, но и продор на топол воздух од Африка!
Објавено: 6 август, 2025, во 09:03 часот
Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од утре, четврток, 7 август до следниот петок, 15 август, времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и топло со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец, гласи временската прогноза на метеопрогнозерот Славчо Поповски.
„Во Скопје и околината во погоре споменатиот период исто така ќе имаме стабилно, суво, сончево и топло време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер претежно од источен и од североисточен правец. Поради влијанието на споменатата топла воздушна маса од југ, односно од Африка, температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, во Скопје и околината максималната температура на воздухот ќе се искачува до околу 36/37 степени.Пред нас се значителни топли и повторно стабилни и суви денови, тоа значи дека и понатаму ќе уживаме во летото и во летните температури, но без некои екстремни горештини,“ додава Поповски.
Дума.мк


