Поповски: Сонце уште викендов, потоа започнува период со многу врнежи
Објавено: 14 ноември, 2025, во 08:42 часот
„Стабилното, суво и сончево време со ладни утра и топли денови ќе се задржи уште викендов. Веќе од понеделник, 17 ноември, облачноста ќе се зголемува а од ноќта кон вторник,18 ноември, ќе започнат обилни врнежи од дожд проследени со засилен до силен ветер од јужен правец.
Температурите викендов на многу места ќе се искачат до околу или ќе надминат 15 степени а во централните и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до 20 степени. Тоа значи дека викендов ќе имаме температури над просекот за месец ноември.
Антициклонот, односно полето со висок воздушен притисок полека ќе слабее а веќе од ноќта кон вторник ќе подпаднеме под влијание на циклонска активност со центар над Џенова која што ќе услови да имаме многу врнежи и силен јужен ветер. Токму околу ова во следните мои метео објави следува детална метео анализа и актуелно МетеоАларм предупредување,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


