Поповски: Топлата облека на вас, ќе имаме температури под просекот и локални врнежи

„Викенд температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината поточно утринските ќе се спуштаат во интервал од 4 до 12 степени додека дневните ќе се искачуваат во интервал од 11 до 19 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Викендов времето во Македонија ќе биде ладно и претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и со намалување на облачноста во попладневните часови на утрешниот ден, недела, 19 октомври. Поради разведрувањето, во понеделник, наутро, 20 октомври, ќе биде уште поладно со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени.
Во Скопје и околината температурата за време на викендот ќе се искачува до околу 15 степени. Уште поладно утро ќе има во понеделник, 20 октомври, кога минималната температура ќе се спушти до околу 7 степени.
Сепак почетокот на новата седмица ќе ни донесе стабилно и суво време. Нови врнежи од дожд се очекуваат во ноќните часови на вторник кон среда и дента, 22 октомври,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


