Поповски: Во Македонија од вторник појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер!

Објавено на 15 јуни, 2025 во 10:42

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, од вторник, 17 јуни, во Македонија ќе дојде до делумно дестабилизирање на атмосферата и создавање на услови за локален развој на грмотевични конвективни облаци, појава на краткотрајни, но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Во ваква ситуација, можна е  и локална појава на град, гласи прогнозата на метео прогнозерот Славчо Поповски.

„Што се однесува до времето во Скопскиот регион, исто така, од вторник, 17 јуни, во попладневните часови можна е појава на краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите, остануваат релативно пријатни и не премногу високи. Тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во Скопје и  околината температурата во следниот период ќе се искачува во интервалот помеѓу 33  и 35 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/,“ додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.