Поповски: Водици 2026 ни носи ладно и суво време со температури до -10 степени
Објавено: 19 јануари, 2026, во 09:05 часот
„Денешниот ден, 19 jануари, Богојавление Водици во Македонија ќе помине во знакот на стабилно, суво но ладно време со сончеви периоди. Територијата на Македонија ќе биде под влијание на ладна воздушна маса која продира од исток и од североисток и којашто условува да имаме ниски температури со утрински мразеви и минусни температури на воздухот.
Денешното утро ќе донесе температури од -10 до 0 степени а на високите и планинските места температурата ќе се спушти и под -10 степени. Преку денот температурата ќе се искачи во интервалот од -2 до 7 степени а во Скопје и околината утрово температурата ќе се спушти до околу -4 степени додека преку денот таа ќе достигне до околу 6 степени.
За време на денешниот празничен ден Водици ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


